Храбрата водителка на Пинк ТВ целото време била свесна – автобусот и ја скина раката, а таа седнала покрај автомобилот и ја чекала брзата помош. Ужас!

ADVERTISEMENT

Водителката на Пинк ТВ, Деа Ѓурѓевиќ, беше сериозно повредена во сообраќајна несреќа што утрово се случи во Белград кога градски автобус ја собра од тротоарот и ја откина раката, пренесуваат српските медиуми.

Таа во тој момент седнала покрај автомобилот, ја чекала брзата помош и за целото време била свесна.

ADVERTISEMENT

Имено, кога најпрво се случил судирот со двете патнички возила од кои едниот автомобил го управувала Деа, таа излегла од колата да поразговара со другиот шофер и да ја утврди штетата. Но во тој момент наишол автобусот и ја удрил водителката додека стоела на тротоарот.

 

ADVERTISEMENT

Деа во овој момент е на операција која ќе трае најмалку 5-6 часа, додека лекарите не сторат сé за да се обидат ја спасат нејзината рака. Но медиумите пренесуваат дека шансите се мали, бидејќи и се скинати лигаментите над лактот.

Таа во болницата е пренесена во свесна состојба, комуницира со лекарите и нејзиниот живот не е во опасност.

Нема внатрешно крварење, нема повреди на внатрешните органи. Цело време – од моментот на несреќата до приемот во Воената болница во Белград, водителката и покај тешката повреда останала свесна, па дури и додека била покрај автомобилот и ја чекале брзата помош.

Facebook Comments
(Visited 9.290 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT