Реклама
Фитнес

Хормонски дисбаланс: од кој хормон ви расте стомакот, а од кој задникот

Реклама

На вашето тело од како знаете за вас постоојат мали „спојлери“ околу половината или вишок кожа на вашите раце без разлика колку долго сте фит и постојано вежбате во теретана? И тоа НИКАКО не може да исчезне.

Научниците сега имаат објаснување за овој феномен.

Маркетинг

Ако едноставно не можете да ослабите во одредени зони, и не ви успева да ги решите критичните точки, тие велат дека најверојатно имате хормонски дисбаланс што ве спречува во остварувањето на вашите цели.

„Метаболизам е многу комплексна работа. Навистина постојат научни причини зошто луѓето се со одредени видови на градба на телото. Но, хормоните се од суштинско значење за овој одговор. Начинот на живот, исхраната и вежбањето се само мал дел од она што треба да се направи за да имаме тенка линија”, вели професор Сафрон Вит од лондонската болница.

Маркетинг

Малите промени, вели овој професор, можат да променат многу на вашето тело. Еве што треба да направите.

Вишок во пределот на стомакот

Виновник: Кортизол

Нашето тело има развиено систем за препознавање на опасноста кога телото произведува кортизол, хормонот на стресот. „Ние постојано сме под стрес. Кога телото препознава опасност создава масти околу црниот дроб и на тој начин имате поголем стомакот, а телото дополнителна енергија за да се одбрани”, вели д-р Мерилин Гленвил, нутриционист и специјалист за здравјето на жените.

Збогатете ја својата исхрана со минерали, тоа е главната препорака на нутриционистите.

Голема позадина и бутови

Главен виновник: Естроген

Премногу естроген во женското тело резултира со овој феномен. Можете да вклучите додатоци на база на соја за да го промените ова, или да го намалите внесувањето на алкохол. Тој е многу штетен ако имате вишок естроген во телото. Исто така, нутриционист Макс Томлинсон советува и да ја зголемите и исхраната со витамин Е.

Надуени зглобови

Виновен: Прогестерон

Потечените ножни зглобови се знак дека во организмот ја задржувате течноста. Недостатокот на прогестерон може да биде причина, бидејќи овој хормон делува како диуретик. Јадете семе од сончоглед, путер од кикирики. Избегнувајте индустриска храна и пијте многу течности.

Отечено лице

Виновен: тироксин

Подуеното лице значи дека имате премногу малку тироксин во вашиот организам.

Внесете селен во исхраната, за почеток преку апчиња. Проверете ја целосно работата на вашата тироидна жлезда, може да има некои сериозни здравствени проблеми.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button