Но, Марко не се откажува, повторно ќе се обиде кога ќе има услови за тоа.
Благодарност до сите што ме поддржуваат, преубаво беше кога ги читав сите коментари, тоа ми даваше уште поголема мотивација за да издржам. Малиот херој Марко Пејчиновски беше приморан да го прекине соло-маратонот поради болки во ногата.Поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.
Марко денеска се појави на охридското пристаниште за дружење на лицата со ретки болести.Малиот Марко не крие дека е разочаран што беше принуден по речиси шест часа во вода се прекине, но и порача дека наскоро повторно ќе се обиде да го оствари големиот подвиг.
„Не ми е сеедно, но се чувствувам убаво, нема откажување. Следната година здравје. Благодарност до сите што ме поддржуваат, преубаво беше кога ги читав сите коментари, тоа ми даваше уште поголема мотивација за да издржам. Но, големата болка си го направи своето. Имаше големи бранови и силна струја што беше најтешкиот дел. Околу еден час речиси пливав во место“, изјави Марко од центарот на Охрид.
Пејчиновски не успеја во соло маратонот, но дефинитивно доби статус на национален херој, со оглед на тоа дека цела Македонија вечерва беше во исчекување на тоа како ќе заврши овој негов хуман подвиг.