Талат добро го знаеме од ТВ екраните, а многумина од гледачите на серијата „Преспав“ го прогласуваат токму него за свој омилен лик.
Причината зошто Талат е смешен и уникатен за публиката е во тоа што пред сè и мене ми е многу забавен. Да се биде дел од првиот македонски ситком е огромно задоволство, но истовремено е и голема одговорност, но сметам дека јас како млад актер со многу труд и работа успеав да бидам на ниво на обврската.
Неговата специфична улога, тетовскиот дијалект, згодите и незгодите кои ги предизвикува со сопствениците и гостите на пансионот, го направија лик кој гледачите на серијата со нетрпение очекуваат да го гледаат во секоја нова епизода.
Дритон е активен корисник на социјалните мрежи каде постојано има нови следбеници и обожаватели, а она што е забележливо на прв поглед е неговата трансформација од Дритон во Талат и обратно.
https://www.instagram.com/p/5GQDufSpmO/
https://www.instagram.com/p/BE1KhEISpsR/