Реклама
Наши ѕвезди

Хаос во студиото на Ѕвездите на Гранд, Цеца и Марија се скараа – натпреварувачката ќе беше исфрлена да не беше Ражнатовиќ

Реклама

Во саботата се одржа првата емисија од новата сезона на музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Најголемо изненадување во емисијата беше Цеца Ражнатовиќ која во шоуто дојде на местото на Јелена Карлеуша. Што се однесува до натпреварувачите, за време на настапот на еден од нив, дојде до расправија во жирито.

Еден момент посебно ги насмеа гледачите и истиот веднаш стана вирален на социјалните мрежи.

Маркетинг

Главен актер во него покрај Цеца Ражнатовиќ беше и нејзината колешка Марија Шерифовиќ.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

„Ајде, стисни“, се слуша во клипот како Марија и вика на Цеца, при што сака да ја наговори да го притисне копчето за паника за да не го слушаат кандидатот што пееше.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Цеца веднаш и врати на Марија, а многумина беа изненадени што прв пат ја гледаат пејачката како вика.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Инаку, и Антонија Фиола од Загреб на сцената доживеа непријатност заради „паник“ тастерот, но и фијаско пред да дојде во Белград. Имено, таа во емисијата се претстави со една песна од Наташа Беквалац и доби „паник-тастер“ од жирито, што значеше само едно – испаѓање од натпреварот.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

„Не те ни запознавме, а веќе си заминуваш“ и порача Сања Кужет на натпреварувачката која веднаш истакна дека навистина и е жал што целата работа завршила така.

Таа објасни дека не успеала да ја заврши тонската проба затоа што задоцнила заради проблемот што го имала при патувањето, на хрватската граница.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

„Ја изгубив личната карта, која во меѓувреме ја најдов, но веќе беше регистрирана на потерницата на Интерпол, па ме вратија од границата во два часот наутро. Во пет стигнав во Загреб, ја собрав новата лична карта и еве се вратив тука“, објасни натпреварувачката, па Цеца предложи продукцијата да и даде да ја испее барем и втората песна.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Откако сите се согласија, Антонија испеа песна од Марија Шерифовиќ, а продукцијата го даде завршниот збор.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Има тука многу работа, но ние ќе ја земеме, истакна Снежана Ѓуришиќ, додека Марија и порача да оди дома пеејќи и тоа да го прави 24 часа дневно, пренесе Гранд.онлајн.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button