Хаос во Италија: „Многу граѓани немаат пари за храна, на луѓето им се буди животинскиот инстинкт. Земјата тоне во пропаст …“
Повеќето граѓани не работат и не добиваат плата, помошта од државата сè уште не пристигнала, а потрошени се и нивните заштеди.
Откако пред извесен период објавивме вест за економската состојба во Италија, некои наши сограѓани на социјалните мрежи се јавија со коментар дека не веруваат дека ситуацијата е толку очајна. Но ние тогаш само објавивме видео во кое една жена и маж се обидуваа да го искажат својот револт пред група полицајци во Бари, удирајќи цело време по стаклото од банката, која во тој момент беше затворена. Жената зборуваше на глас дека нема пари и нема со што да се прехрани, а видеото беше објавено на социјалните мрежи и многумина кои се од Италија, во коментарите порачаа дека вакви потресни сцени во оваа земја во последно време има се почесто.
Имено, колку повеќе време Италијанците минуваат под екстремни мерки, толку повеќе изолацијата прави поголема штетата и за економијата.
Медиумите пренесуваат дека повеќето граѓани што живеат на Апенините не работат и не добиваат плата, помошта од државата сè уште не пристигнала, а потрошени се и нивните заштеди. Повеќе од 18.000 луѓе го изгубија животот од Ковид 19, при што најлошото помина северниот дел на земјата. Меѓу најтешко погодените е градот Терни во Умбрија.
„Нема шанси да заработам пари во моментот. Никогаш порано не сме живееле вака. Нашите животи се променија целосно. Ова веќе не е наш живот“ – вели Стефано, агент за недвижнини кој има околу 50-на години.
„Сакам да имам иднина за себе и за моето семејство, но не знам каков свет им оставаме на нашите деца“, вели тој.
Средовечна жена од балконот вели дека и нејзините деца се гладни, пренесуваат странските медиуми.
„Можеме само да се удавиме во станот. Работев како чистачка кај неколку семејства, но таа работа повеќе не постои во ова место. Сега сум без работа и без примања. Кога сте родител, се однесувате како диво животно, размислувајќи како да ставите храна на масата. Очајна сум. Владата ветува помош, но децата треба да јадат секој ден“ – вели таа.
Помош за гладните
Тито и неговиот пријател Доменико им носат храна на сиромашните граѓани на кои им е најпотребна во овие моменти. Тие ја покренаа иницијативата наречена „Виножито на секоја улица“ – оние кои имаат вишок храна ја оставаат да им помогнат на своите гладни сограѓани.
„Пријателка ми се јави во солзи и ми рече дека ги потрошила сите заштеди и дека имала само 2,5 евра во џебот. По разговорот, решив да одам до продавница и да и купам намирници. Само на овој начин, помагајќи си едни на други, можеме да го преживееме ова“ – вели Тито.
И од ООН се огласија алармантен извештај во кој се вели дека за прв пат по 30 години вирусот корона ќе доведе до глобално зголемување на сиромаштијата, и тоа ќе погоди помеѓу 400 и 600 милиони луѓе во светот.
Primi segni di disperazione di italiani che hanno perso il lavoro o chiuso l’attività e non hanno soldi per mangiare. Oggi a Bari davanti a un istituto di credito.#coronavirus#Covid19 pic.twitter.com/wauLifPz9A
— Umberto Molini ?? (@molumbe) March 26, 2020
Извештајот на експерти од Кралскиот колеџ во Лондон и Националниот универзитет на Австралија беше објавен пред клучната средба меѓу лидерите на Светската банка, ММФ и министрите на земјите членки на Г20.
Економската криза е полоша од здравствената
Економската криза има потенцијал да биде уште полоша од здравствената криза предизвикана од пандемијата, предупредуваат експертите.
Последиците од пандемија се голем предизвик. За земјите во развој е многу важно да формираат мрежа за социјална заштита и сигурност – вели професорот Енди Самер од Кралскиот колеџ во Лондон.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја предупреди јавноста во Кина за реалната опасност од втор бран на корона вирусот, и тоа само еден ден по 76-дневниот тотален карантин кој беше во сила во Вухан, градот каде започна епидемијата на опасниот вирус низ целиот свет. „Иако значително се намали притисокот врз глобалната економија, не смееме да се опуштиме затоа што има многу непознати фактори.“
„Локалните власти треба внимателно да ги следат новите случаи заболени со вирусот корона кои доаѓаат од странство за да спречат втор бран“ – рече Џинпинг.