Хали Бери и на 52 години изгледа неверојатно во овој црн, тесен комбинезон со длабоко, проѕирно деколте од тил
Хали Бери не престанува да не воодушевува со својата фантастична линија и тоа на возраст од 52 години.
Таа на премиерата на филмот „John Wick: Chapter 3 – Parabellum” во Њујорк се појави во тесен црн комбинезон со кој не потсети на една од нејзините незаборавни улоги.
Имено, пред петнаесет години, како жена мачка, таа носеше тесен, припиен комбинезон од латекс, но би се осудиле да кажеме дека овој пат, на промоцијата на најновиот филм, изгледаше дури и подобро од тогаш.
Во елегантен тесен комбинезон со ногавици во форма на трапез и длабоко, впечатливо деколте со проѕирен тил Хали го нагласи своето беспрекорно тело кое го одржува со здрав начин на исхрана и редовни тренинзи.
Таа на Инстаграм често објавува фотографии од нејзините тренинзи кои во последните шест месеци дополнително ги засили за да се подготви за новата улога на убиец во филмот. А резултатот можеме да го видиме сите, со спуштени усти и ширум „подзинати“ очи. Браво!