Фустан во кој сигурно ќе бидете главна ѕвезда за Нова година

Како ни се приближува најлудата ноќ во годината, се повеќе и повеќе се двоумиме што треба да носиме …

Изборот на моделот ви го оставаме вам, но ви даваме и еден предлог за фустан во кој сигурно ќе блеснете.

ADVERTISEMENT

Имено, ви предлагаме да заборавете на малиот црн фустан, иако тој е класик кој не излегува од мода. Време е да размислите за малиот црвен фустан (или за неговата прва „братучетка“ – долгиот црвен фустан).

Црвената боја е топла, софистицирана нијанса и единствената вистинска боја со која ќе додадете добро расположение за време на новогодишната ноќ.

ADVERTISEMENT

Бојата на малина или јагода, рубин црвено или нијансата на ротквица, домати или страсна, огнено црвена – едноставно со црвен фустан НЕ можете да погрешите и секогаш ќе изгледате како милион долари.

Црвениот фустан со должина до под, со долги ракави и цврсто подигната коса, лежерен црвен фустан во стилот на седумдесеттите години и романтични локни или тантела во црвена боја и „несредена“ пунџа…

View this post on Instagram

Stand out this holiday season 💖 @carolinaherrera

A post shared by The Little Red Dress (@thelittleredress) on

 

Што и да изберете, црвениот фустан ќе ве направи ѕвезда на вечерта каде и да сте, со кои и да сте…

 

Па, ви посакуваме убава забава и среќна Нова година!

Повеќе предлози во црвена боја погледнете тука >>

Facebook Comments
(Visited 4 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT