Фустанот што поради Mеган Mаркл го снема од продавниците повторно е на полиците

Што и да облече Меган, тоа преку ноќ станува хит во светот

Тоа се случи и со фустанот од модната куќа „Marks&Spencer“ кој за рекордно време го снема од полиците, но сега повторно е вратен во продажба.

ADVERTISEMENT

Во прашање е фустан кој војвотката од Сасекс го носеше на фестивалот „Remembrance“ во Ројал Алберт Хол минатата година. Таа избра едноставна црна креација за свечениот концерт со кој беше одбележана 100 годишнината од завршетокот на Првата светска војна која во продавниците на познатиот бренд може да се најде за нешто повеќе од 50 евра.

И токму цената беше вистинско изненадување за сите. Имено, поранешната актерка често избира скапи модни брендови поради што Британците ја критикуваат, но затоа овој модел предизвика вистинско воодушевување и со брзина на светлината исчезна од продавниците.

Но благодарение на Меган Маркл, фустанот познатиот моден бренд оваа сезона повторно го врати во продажба, а сега достапен е и во беж нијанса.

Facebook Comments
(Visited 339 times, 1 visits today)