И покрај тоа што е во седмиот месец од бременоста, војвотката Меган Маркл не мирува.
По враќањето од Њујорк, каде што имаше раскошна забава за подароци за детето, војвотката од Сасекс заедно со својот сопруг, принцот Хари, отпатува во Мароко, каде што три дена беа гости на кралот Мухамед.
Убавата војвотка беше внимателна при изборот што ќе го носи за пристигнување на аеродромот во Казабланка. Таа штом се појави од авионот ги шармираше сите присутни во убавиот црвен фустан од Валентино со наметка и везени детали со кои им оддаде почит на земјата во која дојде.
Како што вели познатиот моден магазин „Harper’s Bazar“, црвената боја има историско значење во Мароко и ја претставува отпорноста, храброста, силата и хероизмот на нивното национално знаме. Покрај тоа, црвената и стои совршено на војвотката, додека широкиот крој донекаде го криеше нејзиниот труднички стомак. Меган целото издание го зачини со високи потпетици во неутрални „nude“ нијанси, кои ги носеше и на ноктите. Нејзината коса беше залижана и врзани во ниска пунџа, а очите ги нагласи со црна „smokey-eye“ шминка, додека на усните имаше само сјај.