Френк Синатра од Македонија ја запали сцената во Гранд – со својот ЏЕНТЛМЕНСКИ шарм никого не остави рамнодушен (фото)

Неговиот настап го воодушеви целиот регион…

Најубаво му е кога во кругот на семејството и пријателите ќе запее, и како што самиот вели, тогаш се чувствува најдобро…
Шармантниот пејач од Македонија Валентин Миланов, речиси отсекогаш знаел дека музиката е неговата најголема љубов.
Како малечок постојано ги забавувал сите со неговото пеење, а учествувал и на различни хорски и музички секции.
„Првиот бенд го имав во средно училиште, а потоа продолжив како војник додека служев во ЈНА. Тогаш имавме страшно добар бенд и одлични музичари, вели Валентин кој со својот настап ги воодушеви сите во популарното музичко шоу за ветерани, „Никогаш не е дозна“.

Но и покрај големата љубов кон музиката, тој денес работи како менаџер во една голема компанија, претседател е на одбојкарскиот клуб од Велес, а и има свој приватен бизнис на кој максимално му е посветен.

Сепак најубаво му е кога во кругот на семејството и пријателите ќе запее, и како што самиот вели, тогаш се чувствува најдобро.

Токму затоа и за своја душа се пријавил во популарното музичко шоу за ветерани, а со својот шарм и појава веднаш го освои вниманието.

Публиката и жирито посебно беа „купени“ од изборот на неговата песна Њујорк, Њујорк, која што ја посвети на неговата ќерка која живее во Америка.

Со својата генијална изведба никого не остави рамнодушен, па неговиот настап на грандиозната сцена беше проследен со голем аплауз.

Неда Украден веднаш го пофали, а и актерот Стефан Бузуровиќ не можеше да го сокрие воодушевувањето од него.

„Валентин, ти мене ме купи од самиот старт. Прво, јас сум голем љубител на дворедните сакоа, второ, свекрвата е Македонка, и трето имам многу пријатели таму. Потоа и изборот на песна, јас мислам дека ти можеш да успееш и во Њујорк“, му кажа познатиот актер на Валентин откако доби громогласен аплауз од публиката.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна (Јутјуб)
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна (Јутјуб)
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна (Јутјуб)

Извор: Гранд.онлајн