(ФОТО) Марија Шерифовиќ ги изгуби нервите на „Ѕвездите на Гранд“ – Немој да го правиш ова…

Натпреварувачите на најгледаното музичко шоу „Ѕвезде Гранда“ со намера да се претстават пред жирито во најдоброто можно светло, често пати претеруваат, а токму тоа и беше причината поради која Марија Шерифовиќ реагираше во најновото издание кога една од натпреварувачките пееше рок и народно.
Забелешките на Шерифовиќ следеа кога на големата сцена на „Ѕвездe Гранда“ се претставија Валентина Матиќ од Братунац и Ирма Хасиќ од Тузла.
Валентина ги испеа „Танго“ и „Јелече“ и на тој начин се претстави во рок и фолк стил, а Ирма ги одбра „Кораке ти знам“ и „Тај живот мој“ и по едногласната одлука на жирито остана во тимот на Ана Бекута.
Со оглед на тоа што Матиќ се претстави со два сосема различни жанра, Марија праша што пее кога е сама, на што таа одговори – поп. Тоа ја натера Шерифовиќ да запраша зошто тогаш ја пее Зорица Брунцлик?
„Сакам да ги пеам и двете, ја пеев и Зорица на аудицијата. Работев и со вокален професор“, почна да објаснува натпреварувачката.
„Немој така, твојот глас нема врска со народната музика, тоа ти е најдобронамерниот совет за друга песна. Првата песна, во ред, ти верувам и тоа си ти. Немој да си го правиш тоа, имаш доволно слух да слушнеш, немаш идентитет“, и рече Марија на младата натпреварувачка , со што во целост се согласи Саша Поповиќ.
Мили сметаше дека Ирма е многу поподготвена и поубедлива, за што сведочат и гласовите, додека се согласи со мислењето на Марија за Валентина, на која Снежана и дала сериозни совети.
„Не смеете да се коцкате кога се во прашање натпреварите. Се согласувам дека попот повеќе ти одговара, другата кандидатка беше подобра и затоа таа го доби мојот глас“, рече Ѓуришиќ, а тоа го потврдија Цеца како и Ѓорѓе.
И Вики немаше што да додаде на првото претставување на своите колешки, но ги пофали и двете кандидатки за нивниот изглед, додека Босанката накратко рече: „Тоа е тоа“.
„Валентина, ти си добар кандидат, имаш добра енергија, земи го ова вечерва како лекција од која многу научи. Драга моја Ирма, не се нервирај“, рече Ана Бекута.