Фотографија која ќе ви го скрши срцето – кучето на Сала се уште си го чека сопственикот

Фудбалерот Емилијано Сала пред две недели исчезна по што почна голема потрага по него, но властите за кратко време се откажаа затоа што не пронајдоа ништо.  Потоа семејството откако собра пари од донации реши само да почне приватна потрага, која на крајот вроди со плод.

ADVERTISEMENT

Авионот во кој леташе Емилијано Сала од Нант во Кардиф беше пронајден во неделата на дното на морето во англискиот канал, а во текот на вчерашниот ден беше откриено и неидентификувано тело.

ADVERTISEMENT

По потврдата дека во авионот има тело, сестрата на Сала објави емотивна порака на Инстаграм, а по неа и еден пријател, чија фотографија го „скрши“ срцето на пошироката јавност.

 

ADVERTISEMENT

„И Нала те чека“, напиша Ромина.

Еден од пријателите на Сала објави фотографија од неговиот дом, а во центар на внимание беше кучето на Сала.

Тоа веќе две недели седи покрај прозорецот и го чека сопственикот, односно Сала да се врати, но најверојатно такво нешто нема да дочека.

Facebook Comments
(Visited 1.950 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT