Фотографија која ги воодушеви Македонците: Илина Арсова ја немаме видено во вакво издание
Популарната македонска алпинистка досега ја немаме видено во вакво издание.
Илина позираше во народна носија и јавно изрази љубов за својата татковина.
Навикнати сме да ја гледаме во малку посмели изданија, па фотографијата која ја објави нашата алпинистка ги воодушеви нејзините фанови и сите Македонци.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Илина Арсова е пример за здрава и амбициозна жена, која има постигнато многу успеси како планинарка, но и како уметница.
Илина веќе извесно време живее во Тенеси. каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, а доби и стипендија за докторски студии.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Активна е на социјалните мрежи и често знае со своите следбеници да сподели како напредува на професионален план.
Благодарение на спортските активности и редовниот тренинг, Илина може да се пофали со совршена фигура.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Ужива во сопствената кожа и без проблем знае да облече тени и кратки парчиња гардероба.
По повод 8-ми Септември, Илина одлучи да се огласи и јавно да ја изрази својата љубов кон татковината.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Таа сподели фотографија на која позира во народна носија, а во опис напиша:
„Ја сакам со сите нејзини убавини и несовршености. Среќен ден на независноста, Македонијo“.