Овие симпатични фотографии од кученца кои спија во креветчиња во градинка за кучиња во Јужна Кореја на многумина им го разубавија денот.
Оние што имаат куче за домашен миленик знаат колку може да биде тешко кога треба да го оставите дома само. Посебно ако кученцето е уште мало и за него треба постојано да се грижите. Но токму затоа во некои земји постојат градинки за кучиња, како што е на пример оваа во Јужна Кореја.
Маркетинг
Градинката се вика „Puppy Spring“ и се грижи за кучиња стари 12 недели и повеќе, и претставува одлично решение за оние што работат преку цел ден. Тука нивниот миленик ќе добие се што му е потребно и ќе има некој што ќе се грижи за него, што значи ќе биде среќен и кога сопственикот не е со него. И ќе запознае мноооогу нови „другарчиња“.
Оваа градинка прима по 30 кучиња дневно, како и секоја градинка. А што прават милениците и како изгледа нивниот престој, погледнете од симпатичните фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи.
Маркетинг
Најслатки се оние кога ќе се изморат, па ќе треба да одат на спиење. Исто како и децата…
А по „нанање“, доаѓа време за играње…
Брканица…
И уживање во природа!
Па, доаѓа време за „пиџамички“…
И повторно нанање.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .