Реклама
Новости

Фолкерката се преполови за 6 месеци – имаше 115 кг, но ослабна 52 кг и сега нема да ја порепознаете

Пејачката се истопи благодарение на една жена од Македонија

Реклама

Пејачката Аница Миленковиќ во една пригода отворено зборуваше за својот режим на исхрана со кој ослабна неверојатно многу.

Пејачката за шест месеци успеа да изгуби преку 50 килограми, а најмногу се има поправено за време на бременоста.

„Во првата бременост многу се поправив затоа што се опуштив. До тогаш тренирав и внимавав што јадам бидејќи лесно се дебелеам. Кога пред 12 години ја родив ќерката Барбара успеав да ослабам, но тогаш следуваше следната бременост. Повторно ослабнав, но мојот син Филип беше роден без слух и докторите му вградија имплант кога имаше само година дена. Заради неговите операции и преголемиот стрес почнав нагло да се дебелеам“, откри Аница во една пригода.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Откако нејзиниот син се оправи, пејачката се посвети на самата себеси и за шест месеци успеа да ја врати старата линија.

Маркетинг

Како што самата вели, на почетокот пиела најразлични препарати и диети, но бргу се откажувала од нив.

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Сепак, во 2018 година, по препорака на познатата нутриционистка и фитнес инструкторка Клаудија Адеми таа почнала да го менува својот изглед, но и животот. Со нејзината исхрана за кратко време, од јуни до декември од 115 килограми дошла на 63.

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Нејзина цел е да има 58 килограми и тоа наскоро и ќе го оствари, но признава дека на почетокот и било тешко и мислела да се откаже.

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

„Не можев без леб и благо, но по првите седум дена повеќе немав проблем. Најлоши се првите три дена од новиот режим. Сакав да се откажам, но Клаудија постојано беше покрај мене, не ми дозволуваше. Кога после три дена видов колку се чувствувам добро и забележав дека повее не сум надуена и дека немам главоболка, ни не помислив да се откажам“.

„Кога денес ќе се погледнам во огледало гледам здрава жена со убав изглед и знам дека повеќе нема да дозволам тоа да се промени“, раскажа Аница порано во емисијата „Хит Информер“.

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Инаку, Аница денес живее во Америка и има друга професија, а како изгледа денес погледнете во продолжение.

Потсетуваме, познатата нутриционистка и фитнес инструкторка Клаудија Адеми по потекло е од Македонија. Таа долги години со родителите живеела во Германија, а нејзиниот татко е Албанец од Тетово, а мајката Македонка од Скопје. Таа им има помогнато на многу познати дами од регионот да ослабнат, како на пример пејачките Ана Бекута и Инди, а и помогна и на нашата пејачка Антониа Гиговска која во една пригода го опиша целиот процес (вити тука).

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Фото: Инстаграм/ Аница Миленковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button