Филипче се прости од Драган Вучиќ, шоуменот бил хоспитализиран пред 8 дена на Инфективната клиника
Згасна животот на Вучиќ, пејачот не напушти на 65 годишна возраст.
„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот од овој свети си зманина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук страница.
Фестивалот „Макфест“ на својата официјална Фејсбук страна во сеќавање на Вучиќ ја објави песната „Свирете ја зајди, зајди“ која тој ја има компонирано.
Воедно од него се прости и композиторот Љупчо Мирковски кој на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. ,,За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”.
Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.