Реклама
Вирално

Филипче: Ни следи тежок период бројот на починати ќе расте, утрово почнинаа 91 и 31 – годишен пациент од коронавирус

Реклама

Починаа две лица кои беа заболени од коронавирусот утрово на Инфективна.

 

Маркетинг

Едниот пациент имал 91-година и бил примен на Клиниката пред осум дена, додека вториот починат имал 31-година. На 31-годишниот скопјанец вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол најтешката форма на болест позната во литературата, како што рече Филипче, со внатрешно крварење, распад на белите дробови. Вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на шест, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче

Филипче притоа информираше дека денеска се потврдени уште 16 новозаболени со коронавирус, од кои три лица од Скопје и Куманово се хоспитализирани на Инфективната клиника. Вкупната бројка на заболени во змејава се искачи на 257.

Маркетинг

Филипче на денешната прес конференција упати порака до граѓаните дека сите мораме да бидеме свесни дека бројот на заболени и починати од корона вирусот ќе расте.

-.Влегуваме во вториот месец од бобрата, која целосно ни ги промени животите.Пред нас е најтешниот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас, рече Филипче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button