Реклама
LIFESTYLEКултура[тор]

Фиктивни ликови од серии и филмови во кои сме вљубени со години

Реклама

Секој од нас во еден момент бил вљубен во некој лик од својата омилена серија, филм или книга. Па, еве една листа со баш такви неодоливи, имагинарни момци кои им се омилени на мнооогу девојки!

Шерлок Холмс- “Шерлок”

Еден од скромните зборови е сапиосексуалност. Овој збор ги дефинира лицата кои се привлечени од нечиј интелект, а не изглед. Оттука логично објаснување зошто на нашата листа се Бенедикт Камбербах, односно Шерлок Холмс.

Маркетинг

„Три метри над небото” и неодоливиот Уго

Уго, главниот херој од шпанскиот филм „Три метри над небото” од 2010 кој го толкува актерот Марио Касас (во книгата се вика Степ) е проблематично момче кое живее од денес за утре. Тој живее со полна брзина и не запира, се додека не ја срете Баби. Секоја девојка која го гледала филмот или ја читала книгата, барем за една секунда, сакала да биде Баби.

Маркетинг

 

„Дневник” и Ноа

Сигурно би сакале да имате за момент момче како Ноа кој беше вљубен во Ели, бидејќи тоа беше стабилна и безгранична љубов. Сцена во која (ако сте го гледале филмот), Ели го напушта Ноа по повторното обединување, покажува дека Ноа и Ели се идеален пар и токму затоа и ние го сакаме.

 

Големиот Гетсби

Големиот Гетсби ја гледаше Дејзи баш како што секоја девојка сака некој да ја гледа. Беше визионер кој веруваше и живееше за љубов. Многумина лесно ја осудуваат Дејзи бидејќи не ја препозна безграничната љубов што ја имаше кон неа Гетсби кој беше спремен да направи се за неа.

Бали Бег од„ Сулејман Величествениот“

Без разлика дали гледате турски серии или не, мислам дека ќе се согласите дека ретко која девојка може да му одолее и лесно да го заборави шармот на овој лик.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button