Фејсбук статус кој разнежни многумина: Ми недостасува времето кога наместо кусур се даваше мастика, а надвор игравме до мрак (ФОТО)

Не постои човек кој не жали  за младоста, но во денешниот свет полн со насилство, страв, видео игри, социјални мрежи, отуѓување, многумина носталгично се сеќаваат на својата младост.

Па така, Фејсбук статусот на Есмералд Смајиќ разнежни многу корисници на оваа социјална мрежа.

ADVERTISEMENT

До кога ќе седиш надвор? Додека не се сетемни.

Ручкот ни одеше преку устата, а не на Фајс. Топката за сладолед не беше 40 денари, туку 10 денари и никој не ни кажуваше дека вкусот е чиста хемија.

Доматите имаа вкус на домати. Јагодите на јагоди. Водата немаше вкус. И сите ние пиевме од црево и останавме живи. Тоалетна хартија не беше со мирис на  17 ароми.

Кога бевме немирни, деконцентрацијата беше знак дека си дете. Имавме скршени колена. (јас и мојата глава) Тинејџерите изгледаа како тинејџери. Денес, средношколците се како 40-годишници кои многу добро се држат.

Немаше доцнење на состаноците, бидејќи немаше телефони за да се јавиме или  да си пишеме дека ќе доцниме. Пишувавме писма, праќавме разгледници. Вистинска радост беше кога некој ќе ни ѕвони на телефон. Денес фиксните телефони се заменети со мобилните.

Кога тетката на каса немаше да ти врати кусур си зимаше една чунгалунга мастика. Пластичните шишиња се собираа за да се стави ракија , а денес за преживување.

Јадевме чоколади „Само ти“, „Те сакам“… Никој не беше алергичен на глутен.
На родендени, бевме сите заиграни во друштвените игри, а не на социјалните мрежи. Подароци беа лексикони и споменари. Во класот беше главна фаца тој што ќе има повеќе потписи во споменарот.

Денес си главен ако имаш iPhone. На училиште, се плашевме од учителките. Денес учителките се плашат од родители. Песните беа слушнати на вокмен, од почеток до крај. Касетата секогаш била подготвена  за снимање ако на радио оди омилената песна. Јас секогаш ќе ја фатев од референот.Изнајмувавме филмови од видеотека.Телевизорите беа мали, но кога гледавме филм, се гледаше филм.

Се сликавме со фотоапарати кои имаа филмови од  12, 24 или 36 фотографии , па ги развивавме, немаше „еј ај дај да видам како излегов на сликата“.

Не се чекиравме каде и да одевме за да знаат другите кај сме и што правиме. Имавме помалку, но од тоа направивем повеќе. Беше поубаво – јагодите беа јагоди, сладоледот беше вистински…

NEDOSTAJE MI…Do kada si smio biti vani? Do mraka. Ručak je išao u usta, ne na Fejs. Kugla sladoleda nije bila 2KM…

Posted by Esmerald Smajic on Вторник, 09 април 2019

Facebook Comments
(Visited 2.279 times, 1 visits today)