Февруарската пролет нема да трае долго – еве кога да очекуваме драстична промена на времето
Според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија во текот на утрешниот ден, во вечерните часови ќе настапи нагла промена на времето и силно заладување, проследено со силен ветар и врнежи од дожд и снег.
Во текот на утрешниот ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, во текот на вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе преминат во снег.
Во текот на ноќта, вторник наспрема среда, на планините, особено во западните делови од Македонија, снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во останатиот дел од земјава. Веќе од четврток се очекува да преовладува променливо облачно, студено и ветровито време, со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Минимална температура ќе се движи од -7 до 0 степени, и максимална од -2 до 6 степени Целзиусови.
Во среда не очекува облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од земјата ќе има врнежи од дожд. Се очекува да дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.
Времето во следните три дена
Според метеоролозите, следуваат три дена вистинска зима со силен ветар и снег на планините, а се очекува снежна покривна и во пониските делови. Но од викендот и следната недела повторно неочекуван пораст на температурите и натпросечно топло време за овој период од годината. Температурите беа над просекот и во текот на месец јануари, а се очекува така да биде и во текот на февруари, со повремени краткотрајни студени бранови проследени со дожд и снег.
Инаку, за февруари максималната измерена температура е 24.5 степени и таа е забележана во дамнешната 1899 година.
Наглите промени лошо влијаат на здравјето
Првите денови од февруари во Македонија беше како да е во прашање пролетна сезона, со температури речиси и до 20 степени. Но како што се најавува, за утре не очекува нагла промена за околу 15 степени, со температури во минус во раните утрински часови, како и снежна покривка, а потоа повторно топло време.
На вакви нагли промени најмногу страдаат хроничните болни, но тоа влијае на сите, и на младите и на старите, бидејќи тоа е голем стрес за организмот
Наглите промени можат да доведат и до срцев или мозочен удар, а луѓето се чувствуваат депресивно, мрзеливо. Затоа најдобро е во следните неколку дена да работиме на засилување на имунитетот, да внесуваме витамин Ц и магнезиум, но и да се обидеме да бидеме отспиени, одморени, да внесуваме доволно количество течности и да имаме физичка активност.