Фатени за рака уживаат на прошетка – Кристина Димитриевска заљубена до уши
Македонската пејачка сподели фотографија со саканиот.
Една од најубавите и најзгодни пејачки кај нас е заљубена.
Кристина Димитриевска својата кариера ја започа како манекенка и освои многу награди, меѓу кои Мис Балкан во 2019 година.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Кристина одлучи да се посвети и на уште една своја љубов – музиката.
Иако релативно кратко е на музичката сцена, Кристина може да се пофали со неколку хитови и соработки со најголемите музички ѕвезди.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
На нејзините успеси може да позавидат и оние кои подолго се на сцената од неа.
Таа се труди секој нејзин настап да е осмислен до перфекција, максимално се труди да изгледа светски на сцена, а сепак секогаш цврсто стои на земја и има одлична комуникација со фановите.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Активна е на социјалните мрежи и секогаш им обрнува внимание и а своите следбеници и одговара на нивните прашања.
Кристина неколку години беше во брак со пејачот Даниел Кајмаковски, со кој го има синот Давид.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
По разводот со него, таа долго време не проговори ништо за својот приватен живот, но сега со една фотографија ги изненади сите.
На Инстаграм сподели фотографија направена во природа, а на неа се гледаат силуети на маж и жена фатени под рака.
Се чини дека тоа се таа и нејзиното ново момче, на кое му ја посвети и песната „Perfect“ од Ед Ширан.