Фаталната Италијанка му подари сочен бакнеж на својот партнер и го запали црвениот килим
Џулија Де Лелис го украде шоуто на Филмскиот фестивал во Венеција
Атрактивната црнка се појави на црвениот килим држејќи се за рака со својот свршеник – познатиот возач на МОТО ГП, Андреа Јаноне. Тие ги воодушевија сите кога разменија сочни бакнежи на црвениот килим, а фотографиите и видеата од оваа сцена веќе го заобиколија светот.
Фаталната Италијанка блескаше во преубавата, раскошна тоалета во нежна розова нијанса со која во преден план ги истакна своите бујни облини.
https://www.instagram.com/p/B14WycFIOlC/?utm_source=ig_embed
Поради долгиот шлиц во преден план беа и нејзините стегнати нозе, па не е ни чудо што ги остави сите без здив.
Пред да биде во врска со возачот на МОТО ГП Џулија беше во романса со музичкиот продуцент Андреа Дамантеа, а беше свршена и со пејачот Ирам.
Инаку, таа се прослави преку социјалните мрежи и важи за една од највлијателните италијански инфлуенсерки – на Инстаграм има преку 4 милиони фанови. Се појави во тамошното ријалити Големиот брат, а важи и за модна икона, особено во нејзината родна земја.