Фаталната Ипек од Истанбулска невеста му раскина на убавиот Џансу од Парампарче и си фати девет години помладо момче
Нова љубов на турското ѕвездено небо?
Познатата турска актерка Дилара Аксујек која ги освои срцата на домашната публика со серијата истанбулска невеста до неодамна беше во врска со нејзиниот колега, турскиот актер Чејхун Менгироглу кој го гледавме во серијата „Парампарче“. Но нивната љубов заврши, а турските медиуми објавија дека Дилара сега има ново момче.
Дилара која што ја глумеше лошата Ипек во „Истанбулска невеста“ со Чејхун беше во врска пет години, а се уште не е позната причината за нивната разделба.
Но очигледно дека шармантната турска актерка не губи време, па неодамна беше фатена со својот девет години помлад колега Онур Бај.
Тие биле фатени како разменуваат нежности и бакнежи на улиците на Истанбул, но овој пат не се криеја од папараците. Фановите веднаш почнаа да претпоставуваат дека во прашање е нова љубов на „турското ѕвездено небо“.
Не и е време за мажење
Познатата актерка до неодамна имаше само пофални зборови за своето момче. Во врска сум со човекот што го сакам најмногу на свет и многу сум среќна. Нашата врска е прекрасна Уживам кога го минуваме времето заедно, изјви своевреено познатата актерка за Џансу од „Парампарче“.
Инаку, Атрактивната Дилара има 32 години и својата кариера ја изгради во главно играјќи негативни ликови или доминантни „вамп“ жени кои всушност се споредни ликови во сериите, но се истакнуваат со своето однесување и сексапил. Таква беше и Ипек, која што ја глумеше во популарната турска серија „Истанбулска невеста“.