Неколку летни блузички кои совршено стојат со фармерки
Ако сакате ова лето да изгледате како Софија Вергара и притоа имате рамен стомак и сте во одлична форма, не заборавајте дека тоа можете да го направите на многу едноставен начин. Се што ви треба се еден добар пар тесни фармерки (можат да бидат и скинати) и една сино-бела блуска со риги на прерамки, со голема панделка која може одлично да се вклопи во вашето летно издание.
Софија има 45 години, висока е 170 сантиметри и никаде не оди без високи потпетици, па во ваквото дневно издание носеше кафеави сандали со отворени прсти и на платформа со кои дополнително ги издолжи и онака долгите нозе. Сепак, клучот во оваа комбинација на познатата Колумбијка се крие во преубавиот женствен горен дел, а тоа многу добро го знаат и дизајнерите кои имаат богата понуда на слични модели во своите летни колекции.
Дел од нив можете да видите на фотографиите што следуваат, а во галеријата на почетокот од текстот ќе најдете и фармерки од познатите „хај-стрит“ брендови со кои ќе можете да направите одлични комбинации.
Bershka
Bershka
Bershka
Mango
Mango
Mango
Pull & Bear
Pull & Bear
Stradivarius
Zara
Zara
Врати се горе и погледни ги и фармерките што ги избраа нашите модни уредници од најпознатите хај-стрит брендови во Македонија.