Фармерките што ги носи Елими Ратајковски направија хаос на Инстаграм – кога ќе се сврти, ќе видите зошто (фото)

И познатата убавица не можеше да му одолее на овој модел

Екстремно тесните фармерки кои со години владееја со нашите улици полека но сигурно ја напуштаат сцената и на нивното место се враќаат ретро моделите со висок струк, како и моделите со ногавици во форма на трапез кои нозете визуелно ги прават да изгледаат потенки и подолги.

ADVERTISEMENT

Од друга страна Кендал Џенер неодамна се прошета во скинати фармерки со широки ногавици кои исто така се враќаат на модната сцена, а Емили Ратајковски деновиве го запали Инстаграм со модел кој досега не сме имале прилика често да го гледаме како го фураат нашите девојки.

Фото: X17
Фото: Инстаграм/ Емили Ратајковски

Имено, познатата манекенка која е позната по своите оскудни комбинации, позираше во скинати фармерки со необично голем прорез и на задникот.

Емили фармерките со висок струк во светло сина боја ги комбинираше со ретро тексас јакна и обична маица, а со хаштаг откри дека под облеката носи долна облека од нејзиниот бренд. Во прашање е брендот „Inamorata“ кој на почетокот продаваше само долна облека и костими за капење, а Емили неодамна ја прошири понудата и со облека за спиење од тантела.

Фото: Инстаграм/ Емили Ратајковски

Но покрај фановите кои коментираа дека ова издание е топ, имаше и такви кои тврдеа дека фармерките изгледаат „невкусно“, особено во задниот дел.

Фото: Инстаграм/ Емили Ратајковски
Фото: Инстаграм/ Емили Ратајковски

Што мислите вие?

Facebook Comments
(Visited 161 times, 1 visits today)