Фарис (12) секоја сабота пред стадионот продава домашни производи за да им помогне на своите болни родители
Момчето Фарис Фејзиќ (12) од Завидовиќ се прослави на социјалните мрежи бидејќи им помага на болните родители да купат лекови продавајќи домашни производи.
Фарис им помага на своите родители во производството и бербата на овошје и зеленчук. Секоја сабота доаѓа пред стадионот во Кошево и ги продава своите производи.
Тој има свој канал на Јутјуб, каде често објавува видеа од подготовката на стоката за Сараево и распродажбите пред стадионот.
Како што вели, продажбата оди добро, што може да се види и од видеата што ги прикачува. На неговиот импровизиран штанд можете да купите овошје и зеленчук како домати, краставици, компири, сливи, пченка, пиперки и многу други.
Инаку, мајката на Фарис боледува од рак, а татко му има проблеми со срцето.
Во едно од своите видеа Фарис вели дека има тешки моменти, но дека секогаш сака да остане позитивен.