Македонската Гранд ѕвезда во уште едно Кардашијан издание го „запали“ ИНСТАГРАМ – погледнете каков фраер има покрај себе
Марија Груевска не престанува да ги изненадува фановите, а овој пат ја покажа и својата посилна половина…
Таа подигна прашина со секој нејзин настап во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а повеќе од сигурни сме дека така ќе биде и во следниот круг.
Да потсетиме, шармантната ботилчанка во последниот настап се појави со змија која што беше замотана околу нејзиното тело, со што ги воодушеви сите.
Таа претходно се појави и со ореол на главата, како и во мантија на калуѓерка, а кога ја соблече мантијата никого не остави рамнодушен.
Тогаш Јелена Карлеуша и порача дека има тело какво што секоја жена посакува и дека ја потсетува на Ким Кардашијан, што секако и годеше на Марија.
Таа подоцна на својот профил на социјалните мрежи објави и една фотографија на која навистина потсетува на Ким, облечена во тесен фустан во пудра нијанса многу сличен на оние што ги обожава познатата дама.
Инаку што се однесува до креациите со кои што се појавува на грандиозната сцена, тие се дело на македонскиот дизајнер Златко Јовановски. Со негов потпис е златниот фустан во кој Марија изгледаше како светица како и карневалскиот костум што го носеше на следниот настап.
Таа во сите овие улоги одлично се снајде, па нема некој што остана рамнодушен како на нејзиниот глас, така и на изглед.
Таа и на социјалните мрежи одвреме-навреме знае да објави по некое интересно издание, а некои од нив погледнете во галеријата што следува во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска