Уште една позната Гранд ѕвезда реши да му помогне на претепаното бебе – пејачката ќе го плати адвокатот
Настан што го потресе регионот
Насилникот беше приведен од страна на полицијата, а уште едно познато лице реши да и помогне на жртвата.
Откако сопругата на пејачот Милан Динчиќ Динча, Јелена, објави за насилникот што ја силувал својата сопруга и го претепал нивното шестмесечно бебе, лицето В.М. (25) од Белград беше уапсено.
„Ноќеска, откако ја силуваше и тепаше и го давеше детето, таа почека да замине на работа, па ни се јави и заедно отидовме во Ургентен сето тоа да го пријави. Нејзиниот сопруг е приведен“, изјави Јелена за „Блиц“ откако полицијата го приведе 25 годишниот насилник.
По ова познатата Гранд ѕвезда и неговата сопруга решија да и помогнат на девојката и бебето, па ги згрижија во нивниот дом, а сега уште едно јавно лице реши да се вклучи и да и помогне на жртвата.
Имено, пејачката Ана Севиќ го ангажираше и ќе го плати адвокатот што ќе ги застапува девојката и нејзиното шестмесечно бебе.
Адвокатот на познатата фолк-пејачка и поранешна Гранд ѕвезда ќе ги застапува во процесот против насилникот од белградската населба Звездара, пишува српскиот „Телеграф“.
Инаку, насилникот беше приведен откако за целиот случај сопругата на Динча ја информираше јавноста преку социјалните мрежи.
Јелена тогаш преку социјалните мрежи откри дека бебето имало подливи и модринки, но за среќа било добро.
Таа и сопругот решиле да го земат детето кај нив, но и мајката, која немала каде да оди, бидејќи немала семејство.
Како што објави Јелена, оваа девојка била сестра на воспитувачка што работела во нејзината градинка. Откако нивната мајка починала, таа немала каде да се врати, па насилникот постојано ја уценувал со тоа.
Јелена потоа се огласи и на социјалните мрежи и откри дека насилникот е уапсен и им се заблагодари на сите и на полицијата. „Не смееме да молчиме, она што денес му се случува на друг, може да ни се случи и нам, затоа пријавете го насилството“, напиша таа на својот профил на социјалните мрежи.
Јелена и Динча
Јелена и Динча
Јелена и Динча
Јелена и Динча