Уште една земја членка на ЕУ ги отвара границите за нашите граѓани со пасоши со старото име

БиХ не извести дека не ни ги прифаќа пасошите и личните карти, а Швајцарија дека ни ги прифаќа. Тоа се единствените две земји кои официјално ни доставија информации, рече денеска Министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Земјите членки сами одлучуваат по однос на тоа како ќе се однесуваат по однос на валидноста на пасошите. Една земја има формален став и не има искомуницираат, другите практично се поставуваат отколку да заземаат некој став за да го комуницираат.
Граѓаните немаат проблем во нивното враќање дома. Прво затоа што ние се организиравме во дипломатско конзуларните претставништва, овозможивме бесплатни патни листови, овозможивме да се доставуваат по пошта.

Во многу држави и не им ги бараат патните листови, но бидејќи немам добиено официјална нота од државите како се однесуваат со старите пасоши не можам официјално да ги известам граѓаните. Меѓутоа тоа е пораката, повеќе од државите дозволуваат движење на граѓаните – рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Полска, Кшиштоф Грзелчик.
Тошковски го поздрави разбирањето на земјите-членки на ЕУ за техничката природа на проблемот со пасошите, изразувајќи волја за надминување.

Во отсуство на заедничка одлука на земјите-членки на ЕУ, останува секоја членка да одлучи за својот став по ова прашање.
Во таа насока, амбасадорот Гжелчик го пренесе ставот на Варшава дека е ова техничко, а не политичко прашање и дека тие нема да бидат пречка македонските граѓани затекнати на полска територија-слободно да се движат, се додека тие граѓани не остварат влез во својата матична земја со стариот образец на патна исправа.
Амбасадорот Гелчик истовремено ја истакна соработката што е постигната, особено за време на миграциската криза, кога Полска со својата гранична стража даваше поддршка за нашата јужна граница, а во моментов истото го прави и преку ФРОНТЕКС.
На крајот од средбата, министерот Тошковски изрази уверување дека соработката во рамките на поголемите проекти меѓу двете земји ќе продолжи, но најави и зголемување на обемот на соработката со Полска како наша долгогодишна пријателска земја.




