Уште една БРУТAЛНА ТЕПAЧКА на познатата фолкерка што ги ШОКИРАШЕ сите – нејзината сестра се огласи по скандалот!
Ова не и е прв пат сестрите да направат скандал, а по објавеното видео се огласи Едита…
Познатите сестри ги шокираа сите, па една од нив реши да се огласи и да коментира за целиот непријатен настан.
Едита Арадиновиќ се огласи по снимката на која се гледа како брутално се тeпа сред улица со својата родена сестра, познатата пејачка Индира Инди Арадиновиќ.
Имено, таа се огласи и откри дека не планира да го валка името на својата сестра и покрај тоа што видеото се појави во јавноста.
„Браќа и сестри! Другари и другарки. Вие душмани посебно. Се е во најдобар ред. Вие најдобро знаете како функционираат семејствата и не функционираат. Досадувате ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некои изјави, и ќе се занимаваме со оваа глупост. Можеби до тогаш повторно ќе се испотепаме, ама сериозни, ако земеме во предвид дека тука сме како две пијандури пред супермаркет“, напиша таа.
„Како и да е ниту јас можам против неа ниту таа против мене. Што беше причината за тоа навистина треба да ве боли уво. Уживајте, ве молам“, додаде познатата пејачка.
Потсетуваме, скандалот што го шокираше целиот регион настана откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како сестрите се тепaaт и влечат сред улица.
Немилиот настан беше снимен со мобилен, а на неа се гледа и како еден случаен минувач се обидува да ги раздели.
Објавата на Едита погледнете ја во продолжение, како и дел од видеото кое беше причината пејачката да се огласи.
Не и е прв пат
Како што пренесуваат медиумите, ова не е прва тепачка на Едита и Инди. Тие и порано имале вакви „расправии“, но досега снимки и слики не доспеваа во јавноста. Но Инди имаше инцидент и со колешката Мина Костиќ.
Инцидентот се случил во 2008 година на генералната проба на Гранд фестивалот о тоа пред колегите и новинарите.
Тие двете тогаш се судрија заради поранешниот вонбрачен сопруг на Мина, Тики, со кого Инди во тоа време беше во врска.
Пејачките тогаш се кубеа пред сите и разменуваа погрдни зборови, а ги раздвои еден од менаџерите во Гранд, по што мораше да реагира и Џоле Џогани за да ги раздели. По скандалот Мина се огласи и изјави дека Инди ја провоцирала, а потоа и дека на неа скокнала, и тоа „како слон“.
„Ние никогаш не сме се дружеле за да се расправаме и простиме. Јас со наведената личност никогаш не сум ни кафе пиела, ниту ја познавам. Тоа е моја колепка која што ја почитувам, ги сакам нејзините песни и хитови и радо ги пеам на моите настап. Има доста добри песни, на пример ‘Разведи се од неа“, откри Инди по инцидентот во една емисија.
Видеото од овој инцидент погледнете го на крајот…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм