Утре снег и во Македонија – Еве каде!

Утрово 1 степен на Попова Шапка, 3 Маврови Анови, Лазарополе, 4 Крушево, 6 Тетово, Прилеп, Берово, 8 Крива Паланка, Битола, Дебар, 9 Охрид, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Велес, Дојран, 11 Виница, 12 Скопје-Петровец, Гевгелија.
Најмногу дожд 12 л/м2 наврнаа во Охрид, 5 Дебар, Тополчани, 4 Претор, Битола, Прилеп, 3 Пожаране, Крушево, 2 Маврови Анови, 1 Попова Шапка.

Во текот на ноќта и утрово времето е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Во Македонија во вторник ќе преовладува облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и свежо време, со дополнителен пад на дневните температури.
Пообилни врнежи се очекуваат во западните, северозападните и источните предели каде што локално ќе наврнат и до 20-25 литри дожд.
Над 2500 метри надморска висина со врнежи од снег. Ќе дува доумерен ветер од променлив правец кој што ќе достигне брзина и до 15 км/ч.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 15 степени, прогнозираат од Weather4all
Во текот на ноќта вторник кон среда врнежите од дожд ќе продолжат и во утринските часови ќе престануваат. Во среда во утринските часови по котлините ќе имаме појава на магла.
Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и потопло време. Минималните температури од 4 до 13 степени, додека пак дневните ќе се движат од 13 до 21 степени.

Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 3 до 12 односно од 2 до 11 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време.
Максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 24 односно од 18 до 26 степени. Во сабота во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време.
Во попладневните часови со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 18 до 26 степени.




