LIFESTYLE

УТРЕ СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИОТ ПРОРОК – Родителите треба да испочитуваат ЕДЕН ОБИЧАЈ за здравјето на нивните деца

Advertisement

Православната црква утре ги слави Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета.

Светите Захариј и Елисавета, чесни и побожни луѓе, биле разочарани затоа што немале деца, а бездетството тогаш се сметало за Божја казна за некој голем грев.

Advertisement

Биле во длабока старост па и покрај деноноќните молитви упатени кон Бога, сè помалку верувале дека ќе добијат рожба. Еднаш додека Захариј служел во храмот му се јавил ангелот Гаврил и му соопштил дека ќе добие син, и да му стават име Јован.

Захариј во моментот не поверувал поради што за казна онемел. Подоцна навистина добил син кому му ставиле име Јован. Тоа се случило шест месеци пред да се роди Исус.

Advertisement

Фото Илустрација

Бидејќи Ирод имаше чуено за сè што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците, Елисавета го зеде Јован на раце – тогаш имаше една и пол година – и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места.

Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето.

Фото Илустрација

Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз мермерот и се стврдна како камен, та остана така како сведоштво за злосторството на Ирод.

А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма.

Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана Јован во пустината, хранет од Ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Фото Илустрација

Се верува дека на овој празник родителите мора да се молат на Бога за здравјето на нивните деца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button