Утре се празнува голем христијански празник: Завршуваат постите- Православните христијани го празнуваат споменот на Петар и Павле
Ова е еден од поголемите летни празници...
Утре се празнува споменот на светите апостоли Петар и Павле со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.
фото илустрација
На овој ден именден празнуваат: Петар, Петре, Петра, Петранка, Петруна. Следниот ден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…
фото илустрација
Утре се празнува Петровден, а на 13 јули е Павловден, со кој се поврзани многу обичаи.
фото илустрација
Како што е заведено во Библијата светиот апостол Петар е роден во селото Витсаида на брегот на Галилејското Езеро.
фото илустрација
Петар според написите потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле.
фото илустрација
Така од ловци на риби станале ловци на човечки души.
фото илустрација
Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.
фото илустрација
Светиот апостол Павле не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење.
фото илустрација
Поради трагичното погубување на двајцата апостоли црквата ги празнува на ист ден.