УТРЕ МОРА ДА ИСПОЧИТУВАТЕ ЕДЕН ОБИЧАЈ: Верувањето за ОВОЈ СВЕТЕЦ вели дека на овој начин ќе ИСТЕРАТЕ ЗЛО И НЕСРЕЌА

Утре е 7 септември (по стар стил) и се слави Светиот маченик Созонт.
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа.
Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците му се поклонуваа.

Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе во незнабожечкиот храм, му ја скрши раката на златниот идол, ја раздроби и им ја раздаде на сиромасите. Заради тоа, во градот настана голема тревога и незнабошците почнаа да го бараат виновникот.
За да не пострада некој друг заради неговото дело, Созонт се упати кај управителот и се пријави себеси како христијанин и извршител на она дело. Мачителите најпрво го тепаа, а потоа го обесија на дрво и го стружеа со железни четки, а кога беше веќе на умирање го ставија на оган, каде што свети Созонт му ја предаде својата душа на Бога.

Пострада околу 304 година. Неговите мошти се покажаа како чудотворни и над нив беше подигнат храм посветен на светителот.
Во чест на мачеништвото на свети Созонт, помоли се на Бога утре и запали свеќа во црквата.
Со оваа молитва добро е да му се помолиме утре:

Твојот маченик, Господи, Созонт, во своето страдање, од Тебе, Боже наш, прими непропадлив венец, зашто имајќи ја Твојата помош, ги победи мачителите и ја уништи немоќната дрскост на демоните: спаси ги нашите души со неговите молитви.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Еустахиј, Теописта, Теописто и Агапиј.
За овие светци постојат многу легенди. Според една од нив, за време на еден лов Еустахиј фатил еден елен и меѓу роговите ненадејно ја видел сликата на распнатиот Исус, а од небото слушнал глас кој го повикал на спасение на бесмртната душа.

Од тогаш Еустахиј, заедно со неговата жена Теописта и двајцата негови синови Теописто и Агапиј почнал да се крсти. Исус му рекол дека ќе биде подложен на тешки измачувања.
Еустатиј успеал со помош на Господ да ги издржи тие измачувања. Поради верувањето во Христос, Еустахиј и неговото семејство умреле маченички во времето на владеењето на царот Трајан.




