Утре е тежок и посебен ден: Помолете се и никако не правете го ова!

Утре е први ноември според Стариот календар и се слават Светите маченици Козма и Дамјан.
Православните на овој ден се сеќаваат на двајцата браќа Козма и Дамјан. Тие биле доктори, но никогаш не земале пари за својата работа.

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка.
По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилника на светот.
Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8).

Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан.
Всушност, свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца.
Сепак, по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта.

На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош светите Козма и Дамјан.
Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.
Старите верувања велат дека на овој ден треба да се направи барем едно несебично дело. Тогаш ќе има просперитет во куќата во текот на целата година.
За добро здравје пак, според старите верувања на овој ден треба да се јаде пиле, а во минатото на денешен ден биле испраќани пилиња како подарок на роднините.

Невенчаните девојки треба да постават богата трпеза и да го поканат потенцијалниот младоженец и неговите роднини на ручек или вечера.
Ако на сите им се допаѓа ручекот, тоа било знак за среќен брак. Но, ако барем една личност остане незадоволна од јадењето, тогаш свадбата треба да се одложи најмалку за една година.
На денот на свети Козма и Дамјан се верувало дека не треба да се редат алиштата, инаку ќе станете цел на оговарање. Ако пак вие озборувате на 14 ноември, може да наидете на 7 неволји.

Не се препорачува да се прават големи и ненадејни купувања на овој ден, се верувало – нема да има корист од нив. Покрај тоа, многу брзо ќе се потрошат финансиите во текот на зимата, велат народните верувања.
Според народното верување, денес е добар ден за молитва за исцелување. Исто така, постои верба дека е добро да се работи напорна физичка работа денес и дека не треба да ја напуштате куќата непотребно.
Бидејќи Козма и Дамјан ги лекувале болните цел живот, постои верба дека треба да се каже молитва за заздравување на овој ден.

Оваа молитва треба да се прочита 40 дена по ред и ќе бидете здрави колку што верувате дека може да ви помогне.
Молитвата гласи:
Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме. Умолете Го Господа, да ни даде, нам недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата маченичка смрт. Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секога, и во вечни векови. Амин.




