Вести

Утре е Сретение Господово: Немажените девојки да внимаваат, еве зошто овој ден е посебен

Advertisement

На 15 февруари, православните верници го слават Сретение Господово, денот кога луѓето првпат се сретнаа со малиот Исус Христос.

Четириесет денови по раѓањето, Богородица го донесе синот Исус во Ерусалимскиот храм за да го посвети пред Господовиот закон.

Advertisement

Сретение во народот се толкува како ден кога се среќаваат зимата и летото. Овој ден ја претвора зимата во лето. Затоа се вели дека кога ќе се исполнат зимата и летото, тогаш зимата му вели на летото: „Ми даваш голи и боси луѓе, а јас тебе облечени“, а летото одговара: „Точно, но тие повеќе ми се радуваат мене отколку тебе“.

Од овие приказни е старата народна поделба на годината на зима и лето.

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла.

Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата.На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос.

Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Обичаи и верувања

Православните христијани утре го слават големиот празник Сретение Господово. Со тоа се одбележува првата средба на Бог и човекот во храмот во Ерусалим.

Сретението Господово во народот се толкува како ден кога се сретнуваат зимата и летото. Некаде се вели и Свртение, бидејќи од овој ден се врти зимата кон летото.

Се верува дека на овој ден мечките излегуваат од пештерите и гледаат дали има сенка. Ако ја има, тогаш се враќаат во пештерата да спијат уште 6 недели, колку што ќе трае зимата. Ако нема сенка, тогаш одат да бараат храна.

Обичај е на овој празник задолжително да се запали свеќа, бидејќи се смета дека има скриена волшебна моќ и дека куќата ја штити од грмежи и други несреќи.

Девојките добро да внимаваат кого прв ќе видат изутрина, бидејќи се верува дека идниот младоженец ќе личи на машката личност која ја сретнале тој ден.

Врапчињата до Сретение ги избираат своите невести, а на овој ден се венчаат и тогаш тие се најгласните и највеселите, а бидејќи не живеат долго, нивниот брак трае кратко време, така што младенците избегнуваат да стапат во брак на овој ден.

На овој ден се осветуваат свеќи и вода. Свеќите се чуваат во перница и се палат само во случаи на крајна неволја, ако се разболи некој од семејството, а се верува дека пламенот моментално лечи.

Овој ден го предвидува времето. Се верува дека ако има снег или дожд – нема да има зима, а ако сонцето сјае – ќе продолжи студот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button