Реклама
Вести

Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината: На овој ден направете го ова

Реклама

Верниците утре на 13 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.
На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

Маркетинг

Многу обичаи за Спасовден се зачувани уште од предхристијанско време. Според верувањето, на овој ден, богот на громот Перун ги победил земјоделските култури со гром и град, а божеството Спас со помош на жито во раката ги спасил земјоделските култури. Поради тоа, на некои места остана обичај да се заколат јагниња за Спасовден.

Маркетинг

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници. Кој подоцна се поставува на ливади, полиња или на покривите на куќите … каде и да е потребна заштита од демони и зли дела. Во минатото верувале дека овие крстови ќе ги спасат од зло во текот на целата година.

На овој ден, во повеќе села се организира литургија со поворка предводена од свештеници кои шетаат низ црквата и кажуваат молитви.

Момчињата и девојчињата треба да соберат што е можно повеќе цвеќиња на овој ден, затоа што се верува дека Спасовден е „добар ден за претскажување“. На овој ден е обичај да се замисли драга личност и, да искинеш ливчиња од цвеќе и, полека да кажеш: „Тој ме сака – тој не ме сака“. Последното ливче што останува, исто така, го крие одговорот на тоа прашање.

pexels

Од античко време, Спасовден, како длабоко вкоренет празник кај народот, е пролетен празник за одгледувачите на добиток и земјоделците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button