Утре е Прочка, празник на простувањето – направете кадаиф

ADVERTISEMENT

Утре е Прочка голем празник за македонскиот народ. Со него се поврзани голем број обичаи и верувања.

Проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

ADVERTISEMENT

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

За утрешниот празник направете ка­да­и­ф.

ADVERTISEMENT

Се пра­ви лес­но и бр­зо, а ма­ри­фе­тот е да ја по­го­ди­те вре­ли­на­та на шер­бе­тот ко­га се исту­ра врз ка­да­и­фот. Во некои од маркетите го има веќе и полу подготвен, но ако сакате домашно еве ви ја рецептата:

Состојки:

400 грама кадаиф
800 грама шеќер
1 л и 200 мл вода
1 пакетче ванилин шеќер
80 мл зејтин
150 грама сечкани бадеми или ореви
80 грама суво грозје
1 лимон
1 портокал

Подготовка:

Кадаифот го редиме во плекче.Потоа го попрскуваме со зејтинот. Го печеме околу 1 1/2 час до 2 часа во загреана рерна на 150 степени.

Бадемите ги сечкаме ситно, лимонот и портокалот ги сечкаме на тенки кругчиња.

Во тенџере ја ставаме потребната количина вода со шеќерот и ванилата. Ги додаваме и лимонот и портокалот.

Шербетот го вариме 20 минути на тивок оган се додека не добие жолта боја и да се згусти. Откако ќе ни се испече кадаифот го оставаме да се олади. Одозгора ги редиме насекаде подеднакво бадемите и грозјето, потоа и лимонот и портокалот.

Исто така и шербетот треба да се излади или да биде млак. Така треба бидејки ако го полиете со топол шербет ќе се залепат конците. Кој е по десерти со шербет се надевам дека ке му се допадне.

Уживајте засладувајки се.

Facebook Comments
(Visited 1.463 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT