Вести

Утре е многу важен празник: Ова треба да го знаат сите родители!

Advertisement

Утрешниот ден e посветeн на Светиот свештеномаченик Харалампиј.

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настанастрашното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера.

Advertisement

Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина.

фото пекселс

Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка.

Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“

После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

Поврзан е со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зошто таа се смета за најопасна болест, а народот верувал дека тој е пазител од чумата која ја соборил и победил, а тоа бил ѓаолот .

Празникот на светиот свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зашто таа се сметала за најопасна болест.

фото пекселс

Господи, Твојот маченик Харалампиј во своето страдание примил негнилежен венец од Тебе, нашиот Бог; имајќи ја Твојата сила, ги победи мачителите, а ја скрши и немоќната смелост на демоните. По молитвите негови, спаси Ги нашите души.

За родителите кои имаат мали дечиња ова е многу важен празник бидејќи се смета дека она дете на кое ќе му падне забче или ќе му никне забче цел живот ќе биде среќно дете и овој светец ќе го чува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button