Реклама
LIFESTYLEВирално

Утре го славиме светецот кој е заштитник од лудилото и од ѓаволот

Реклама

На 30 јануари го Преподобен Антониј Велики.

Тој е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра. Еден ден во црква ги слушна зборовите:

Маркетинг

Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот.

Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се упокои мирно на свои 105 година, во 356 година.

Маркетинг

На овој ден именден празнуваат: Антон, Антоние, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…) М. Цепенков во записите за светците вели дека „свети Наум, Свети Андонија и свети Спирудон – да лекуат улаите.“ Во прегледот на еснафските празнувања Цепенков запишал дека св. Антониј го празнувале како еснафски празник ковачкиот-цигански еснаф како и цигуларите и амалите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button