Вести

УТРЕ ГО ПРАЗНУВАМЕ НАЈВАЖНИОТ ЖЕНСКИ ПРАЗНИК: Доколку ВАКА ги кажете вашите ЖЕЛБИ, се верува дека ЌЕ ВИ СЕ ИСПОЛНАТ!

Advertisement

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј.

Advertisement

Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник.

Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан.

Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани.

Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Се верува дека на големиот празник, Покров на Пресвета Богородица, на жените ќе им се исполнат сите желби – кажани со чиста вера.

Македонците особено ги почитуваат и празнуваат сите денови поврзани со Пресвета Богородица, па така и овој. Кај народот се познати следниве народни обичаи поврзани токму со овој ден:

„Ако некоја девојка сака среќно да се омажи, тогаш на овој ден мора да отиде во црква и да се помоли пред иконата Покров на Пресвета Богородица. Притоа треба да понесе пешкир кој ќе го дарува на црквата и да и‘ се помоли на Богородица да и помогне во вкрстувањето на патиштата со оној кој ќе и биде животен сопатник.“

На овој ден обично младите брачни парови одбирале некој брачен пар за пример, кој во тоа место бил познат по среќа, хармонија и разбирање, па оделе кај тие маж и жена за да се посоветуваат како да го унапредат и својот живот во заедницата.

Исто така, на овој ден се верувало дека немажените девојки треба да испечат колач и да го чуваат ноќта покрај кре-ветот, за на тој начин да го привлечат идниот брачен сопатник.

За разлика од нив, мажените жени пак, купувале или береле хризантеми и ги оставале пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Се смета дека најсреќните бракови се склопуваат токму на овој ден.

Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот.

Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button