Успеа да ја победи короната и да ја запроси девојката: Излезе од болница како победник, 11 дена беше парализиран
Илјадниците случаи на коронавирусот во светот, покажаа дека вирусот може да предизвика низа компликации кои често завршуваат фатално по животот на пациентите.
Еден Англичанец на возраст од 42 години поради компликации од Ковид-19, бил парализиран 11 дена, но успеа да ја победи болеста благодарение на тимот од болницата „Дарент Вели во Дартфорд, во Кент.
Пол Скег е премен во болница на трети април и набрзо развил Гилен-Баров синдром, кој е исклучително ретка компликација предизвикана од вирусот што доведува до парализа.
Тој едвај дишел, но во саботата собрал сили низ цевката, која му била ставена во душникот да ја запроси својата девојка преку апликацијата Фејстајм.
На трогателното видео, кое го сподели одделението на англиската Национална здравствена служба за која Пол работи веќе 24 години, се гледа како тој и неговата новопечена вереница Кети Лавендер ја напуштаат болницата проследни со аплауз.
Today, we lined the corridor for one of our own and clapped this frontline NHS staff home. Paul walked out of hospital today having proposed to his girlfriend Katy via FaceTime when he was still in the ITU, where he stayed for 11 days. #TeamDGT #WeAreTheNHS @NHSMillion pic.twitter.com/tQAMopO4eB
— Dartford and Gravesham NHS Trust (@DarentValleyHsp) April 19, 2020
– Мислев дека ми се ближи крајот, па длабоко зедов воздух и ја запросив низ трахеотомската цевка. Кети се согласи, на големо воодушевување на вработените кои за него се грижеа на интензивна нега, вели д-р Кван.
Кети на Фејсбук групата на Здруженито на медицинските техничари кои работат на радиологија ја сподели веста за опоравувањето на вереникот:
– Пол Скег неверојатно брзо се опоравува. Бидејќи го победи Ковид-19 и се опорави од Гилен -Бареовиот синдром предизвикан од коронавирусот, денеска го посетив во болница и сега сме верени!
Таа им се заблагодари на членовите на групата за поддршка во „најтешките моменти“.
– Пораките на надеж и љубов беа спасоносни за мене и мајката на Пол и ѝ се заблагодаруваме на радиолошката заедница за тоа. Се надеваме дека сите ќе го зачуваат здравјето и ќе продолжат да ја вршат на неверојатен начин својата работа и со тоа да спасуваат животи. Толку ви должиме вам и на сите здравствени работници!
Д-р Кван му оддаде признание на тимот од интензивната нега, како и на неуролозите од болницата кои применија „револуционерна“ терапија за да го излечат Пол. Станува збор за инфузија од имуноглобулин, екстракт од плазма од донирана крв.
-Без тоа, Пол можеби ќе беше многу подолго на респиратор. Неговото опоравуање е безмалку чудно, рече Кван.