УНИЦЕФ се огласи: Ова секој мора да го знае, клучно е во битката со коронавирусот – 3 милијарди луѓе се директно загрозени!
Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) укажува на тоа колку е важно миењето на рацете со сапун во борбата против корона вирусот.
Но тие истовремени и порачуваат дека три милијарди луѓе во својот дом немаат лавабо во кое би можеле да си ги измијат рацете. Во соопштението н УНИЦЕФ се наведува дека само три од пет луѓе ширум светот има можност да ги мие рацете со сапун и вода во својот дом.
Наведено е дека 40 отсто од светската популација, односно три милијарди луѓе немаат услови каде да ги измијат рацете и дека најмалку ¾ од луѓето во најнеразвиените земји не се во состојба да ја извршат таа основна потреба.
Еве неколку работи како да се заштитиме себеси и своите деца, а на кои не предупредува УНИЦЕФ.
Како се шири корона вирусот ?
Вирусот се пренесува преку директен контакт со респираторните капки на заразеното лице (што се создаваат преку кашлање и кивање), и со допирање површини контаминирани со вирусот од тие исти респираторни капки. Корона вирусот опстанува на површината и по неколку часа, но може да се уништи со едноставни средства за дезинфекција.
Кои се симптомите на болеста?
Симптомите може да бидат покачена температура, кашлица и отежнато дишење. Во потешки случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија или тешкотии со дишењето. Во ретки случаи болеста може да биде смртоносна.
Овие симптоми се слични на грип, кој се јавува многу почесто од болеста предизвикана од корона вирус. Затоа, потребно е тестирање за да се потврди дали некој има корона вирус. Важно е да се запомни дека клучните мерки на превенција се исти – често миење на рацете и респираторна хигиена (кога кашлате или кивате, покријте ја устата со подлактицата или со хартиено шамивче, а потоа фрлете го шамивчето во покриена канта), пишува во соопштението со упатства од УНИЦЕФ.