Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера доцна вечерта се случил пред поликлиниката во Железара, дознава Пресс24 од полициски извори.
Според се уште непотврдените и неофицијални информации, станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.
Телото го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција. Според неофицијалните информации, полициските службеници се уште се на терен.
Нападот врз него бил извршен пред приватната болница Ремедика.
За сега не е познато кој стои зад убиството но полицијата работи на расчистување на случајот.
-Имаше убиство пред „Ремедика“, за жал лицето кое беше нападнато починало на местото на нападот, прободено со нож. Од колегите дознав дека дека станува збор за наш колега доктор, изјави утрово за Телма д-р. Рихад Реџепи од итната медицинска помош.
Полициски извори за Сител потврдуваат дека се случило убиство иако од МВР се уште ја чекаме официјалната информација. Според изворот, полицијата се уште не го знае идентитетот на напаѓачот но интензивно се трага по него. Увидот на терен се уште трае, таму е и наша екипа, детали очекуваме во пладневните вести.