Ужас во Дебар маало: Педофил нападнал три годишно дете, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција
Пијан педофил завчера нападнал три и пол годишно детенце додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.
Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен.
Вечерта околу 20 часот на 13 септември, момче во тешка алкоолизирана состојба седело во непосредна близина на малите деца.
Во еден момент, едно од децата поминувало пред него, момчето го нападнало и му ги спуштило пантолончињата и гаќичките. Во тој момент другото детенце кое било со него, на истата возраст, викнало по мајка му, која веднаш реагирала.
Случајот е пријавен во полиција, а педофилот бил приведен.
„ На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР
Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните и гаќичките, но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.
Родители преку советот на родители од Основното училиште „Коле Неделковски“ се обратиле и до полицијата и до градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со оглед на тоа што во претходниве недели имало изолирани случаи на насилство врз деца во училиштето, од како што велат, новофилтрирани албански дилери.
Поради овие инциденти родителите и правна служба на општина Центар ќе се обратат до највисокото раководство на Министерството за внатрешни работи за да се најде решение.