УБАВИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – мининалната пензија ќе изнесува 20.000 денари

Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма.
Во изминатите седум години покажавме и докажавме дека СДСМ ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Уште поодлучни и попосветени, најавуваме кои ќе бидат главните столбови на нашата работа во наредните четири години. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.
—Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. – рече Ковачевски
—Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари.

Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата – посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.
Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.
Ова го најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.
Минималната плата денес е над 370 евра, просечната плата е над 650 евра, иако ветивме просечна плата од 500 евра. Пензиите се во просек за 6.000 денари повисоки, и континуирано ќе растат. Обезбедивме рекордна поддршка за домашните компании од 100 милиони евра. Невработеноста ја преполовивме.
Имаме рекордни 753 милиони евра директни странски инвестиции. Во само 2 години успеавме да имплементираме проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија. – рече претседателот на СДСМ Ковачевски во обраќањето на 28 Конгрес на СДСМ.
За три години преку антикризни мерки обезбедивме помош од 2,6 милијарди евра. Го заштитивме стандардот на граѓаните. Дадовме сѐ од себе во Македонија да се живее подобро отколку пред седум години. Направивме храбри и вистински чекори и резултатите се и видливи. – рече Ковачевски.
Јас сум искрен човек, а СДСМ е партија која секогаш е отворена пред граѓаните. Ние во изминатите седум години правевме и грешки. Некои беа кадровски, некои беа политички. Јас не се срамам да го признаам тоа.
Знам дека во нашата држава сè уште има граѓани чие секојдневие е тешко, кои живеат во сиромаштија. Знам дека има граѓани кои се заглавени во лавиринтите на правниот систем. Знам дека има многу простор за подобрување на состојбите во здравството и во образованието. – посочи Ковачевски




