Убавина мајкина: Дракче ја покажа и другата ќерка – погледнете на кој личи
Некогашната водителка сподели фотографии од помалата ќерка и јавно ѝ го честиташе роденденот.
Дракче ја покажа својата наследничка, која целосно личи на неа.
Драгица Стевковска Дракче публиката ја запозна како водителка на популарната емисија „Патот на светлината“, во која таа ја предвидуваше иднината и ги толкуваше соништата на јавувачите.
Поради нејзината харизма и позитивна енергија публиката веднаш ја засака и до ден денес не ја заборава.
По таа емисија, Дракче беше дел од многу други проекти, а денес е активна и на социјалните мрежи каде споделува фотографии и од приватниот живот и секојдневието.
Освен што е успешна во својата професија, таа е и сопруга, мајка и баба.
Скоро 4 децении таа е во брак со нејзиниот сопруг, популарниот македонски пејач на патриотски песни, Орце Стевковски.
Дракче и Орце имаат две ќерки Ангелина и Александра, кои не тргнаа по стапките на родителите и не сакаат јавно да се експонираат.
Водителката често споделува фотографии со нејзината ќека Ангелина, но овој пат ја покажа и Александра.
Ангелина е копија на тато, а Александра е цела на мама.
Дракче сподели нивна заедничка фотографија и јавно ѝ го честиташе роденденот.
„Убавино мајкина никогаш ама никогаш да не те напушти насмевката..
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН“, напиша таа.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче