Убава причина за славење во домот на познатиот македонски водител – пресреќни и тој и сопругата, честитки пристигнуваат од сите страни

Убава причина за славење имаше во домот на популарниот водител, и тој и неговата сопруга се пресреќни.
Водителот Гоце Андреевски е долги години на малите екрани, но со голема популарност се стекна откако стана дел од екипата на Утринска на Телма.
Емисијата беше една од најдобрите и најпопуларните на македонската ТВ сцена и веста дека повеќе нема да се емитува разочара многумина.
Секој од водителите замина на своја страна и продолжи со кариерата.

Елена Митева стана советничка на премиерот Зоран Заев за медиуми.
Цеце и Марко се дел од новата екипа која после долго време одлучи да започне со емитување на Утринска на Телма.
Гоце стана портпарол на Министерството за натрешни работи и секојдневно преку виде ја информира јавноста за најновите активности на МВР, апсењата и разрешувањата на криминалните дела.

Кога камерите се гасат и завршуваат работните обврски, Гоце е скромно момче, посветено на семејството и саканата.
Неретко на социјалните мрежи тој понекогаш споделува и фотографии со неговата избраничка Даниела.
Со години важеше за еден од најпосакуваните ергени во земјава, но неговото срце го освои само таа.

Романтичното запросување се случи во Охрид.
Убавата вест ја сподели тој на социјалните мрежи.
„Св. Наум, извори, волшебна природна убавина…
Мир, тишина и вода бистра како Љубовта“, напиша тој во опис на фотографијата од запросувањето минатата година.

Оваа година, откако попуштија рестрикциите воведени поради пандемијата, Гоце и Даниела направија свадба.
Фотографија од венчавката сподели водителот на Инстаграм.

Деновиве тие повторно имаа убава причина за славење.
Имено, Даниела го прослави својот 32 роденден.
Гордиот сопруг сподели роденденска фотографија на Инстаграм, а честитки не престанаа да пристигнуваат од сите страни.
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски