Убава вест за граѓаните! Повеќе пари на вашите сметки, еве од кога!

Економските мерки на Владата даваат резултат, последниот месец инфлацијата од 3.5% е речиси на ниво како пред кризата, рече денеска потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.
-Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец.

Минатата година во октомври инфлацијата беше 19.8 отсто, со што намалувањето на само 3,5 е сериозно. За година дена да стигнете до 3.5% значи дека има сет на мерки кои се преземаат за да се спушти. Зголемувањето на цените во малопродажба е само 1% во последниот месец, тоа значи дека нема промена на цени, рече Битиќи.
Поготввуваме нов пакет мерки, пензионерите ќе бидат опфатени во овие мерки а и пензиите ќе продолжат да растат, рече Битиќи додавајќи дека за минимална пензија се прават последните анализи.

Над 130 илјади пензионери во изминатите неколку години со мерките и политики на СДСМ се извлечени од сиромаштија и сега добиваат подостоинствени пензии, рече Битиќи.
-Сите забораваме дека кога дојдовме во 2017 година, скоро повеќе од 240.000 добиваа пензии под 14.000 денари. Денес, имаме 106.000 пензионери кои добиваат пензии до 14.000 денари, а овие другите 130.000 веќе добиваат пензии скоро до просечна пензија. Значи овие 130 илјади пензионери се извлечени и сега добиваат подостоинствени пензии, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Пензионерите од ранливите категории ќе добиваат помош од Владата најмалку до април месец идната година, преку пакјетот на антикризни мерки коj е во подготовка.
Пензионерите со кои поразговара телевизија 24 велат ниту оваа Влада а ниту претходните не воделе сметка за пензионерите кои сега се доведени во ситуација да протестираат.

Велат, секоја помош е добредојдена но ова што го нуди владата велат е краткорочно и нема да го реши егзистенцијалниот проблем на пензионерите.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи најави дека Владата ќе спроведе дополнителна финансиска помош за пензионерите што земаат под 14 илјади денари и од 14 илјади до 19 илјади денари.
Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само еден процент, што укажува на минимална промена.

Битиќи најави зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, претходната недела изјави дека новиот пакет на мерки ќе биде објавен следната недела, а со него вели дека дополнително ќе се помогне на одредени категории на граѓани.
„Пакетот на антикризни мерки вчера беше споделен од министерството за финансии и кабинетот на претседателот и со нас како министерство за економија а со другите кои беа вклучено во дизајнирање на мерките, најверојатно кон средина на наредна недела или до крајот на наредна недела ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација. “- вели Бектеши.

Додека владата подготвува антикризни мерки, пензионерите не отстапуваат – цврсти на ставот дека сакаат 5.000 денари покачување а најниската пензија да не е под 18.000 денари.




